Извори


Вевчански извори


Вевчански извори - сместени се на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештерата. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. 

Вевчански извори
За време на вечерните и ноќните часови, изворите можат да се посетат бидејќи се насекаде осветлени, поставени се и подводни рефлектори со што водата добива посебна убавина. Изобилството на вода, и пештерата од која таа извира е посебна атракција за привлекување на домашни и странски туристи, на самото место има маси со клупи за одморање, изграден е видиковец, а се наоѓаат и три помали цркви кои секогаш се отворени за посета. Локалитетот во изворот поседува инфо-табли од кои туристите можат да се информираат за биолошката разновидност во локалитетот.

Влез на Вевчански извори


Патека 



Билјанини извори


Билјанини извори- извор на вода во Охрид, најпознат по легендите поврзани околу него.
Билјанини Извори всушност е преливот на вода во базенот што се наоѓа над отворите каде што таа истекува. Еден дел од базенот се користи за потребите на водоводот во Охрид, еден дел за потребите на Хидробиолошки завод за вештачко одгледување рибен подмладок и за обезбедување чиста вода. Откако ќе се задоволат тие потреби, вишокот на вода се излива над отворите на Билјанини Извори.
Локалитетот кај Билјанини Извори и самите извори преку лето го посетуваат до сто илјади домашни и странски туристи.



Мокрински извори


Мокрински извори - извори кои се наоѓаат близу селото Мокрино. 
Се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри. На ова место секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села каде се дава курбан, во чест на изворите, кој обичај на давање курбан е многу стар.